Назад до ПроКредит Банка - Северна Македонија Консултирајте нè
  • ENG
  • SH
ProCredit HR
ProCredit HR
ProCredit HR
  • Работењето со нас
  • Нашиот пристап кон вработените
  • Како да станете дел од нас
    • Процес на селекција
    • Onboarding programme - Воведна обука
    • Практична работа
  • Аплицирајте сега
Работењето со нас
Почетна // Работењето со нас

Работењето со нас

Работењето со нас е работење со клиенти...

Дознајте повеќе за тоа како работиме. Следните изјави од нашите клиенти ги отсликуваат нивните очекувања од нашите вработени и каков однос имаме со нив. Изјавите од нашите колеги ќе ви дадат претстава за нивните секојдневни обврски и предизвиците со кои што се среќаваат на работното место

  • Знаење
  • Бизнис партнер
  • Квалитет
  • Иновации
Знаење

Стекнувањето нови клиенти, во исто време, е забавно и предизвикувачко. Мораш да бидеш добро подготвен и потребна е голема упорност. Ова нема никаква врска со исполнување одредени таргети, туку со тестирање на мојата способност да воспоставам и одржувам долгорочен партнерски однос со клиентите

Советник за бизнис клиенти

Навистина го ценам фактот што мојот советник за клиенти не се обидува да ми продаде финансиски производи. Таа навистина ја познава индустријата во која работам, ги разбира спецификите на мојот бизнис и моите финансиски потреби и секогаш е тука да ме сослуша

Клиент

Бизнис партнер

Не ги прифаќам „слепо“ барањата на моите клиенти. Секогаш проверувам што навистина им треба, дури и тоа да значи одбивање на некое нивно барање. Посетите на клиентите на нивното работно место ми помага да дознаам што точно им е потребно со цел да им ја дадам вистинската понуда

Советник за бизнис клиенти

За мене ПроКредит не е само банка – таа е мој бизнис партнер. Секогаш можам да се потпрам на информирана и професионална дискусија со мојот советник

Клиент

Квалитет

Вештините кои ги развив со анализирање на финансиски извештаи ми помогнаа да го поткрепам моето мислење со факти и аргументи. Во секојдневен контакт сум со моите колеги и менаџери и заедно сме подговени да донесеме брзи одлуки за нашите клиенти

Советник за бизнис клиенти

Мојот бизнис зависи од брза и навремена реакција и го ценам фактот што тоа го добивам од мојата банка. Можам да сметам на мојот советник за поддршка за која било банкарска услуга

Клиент

Иновации

Броењето пари е досадно, сега тоа го оставам на Зоните 24/7. Можам да го користам моето време за подобро да ги запознаам моите клиенти и да ги советувам. Вработените во Централната управа ни овозможуваат одлична поддршка со цел подобро да ја вршиме нашата работа

Советник за клиенти

Иако сам ги правам повеќето од моите трансакции, за покомплексни прашања се обраќам до мојот советник. Според мене, модерните и брзи услуги што ги нуди банката се одлични

Клиент

Прочитајте повеќе

Нашиот пристап кон вработените
Нашиот пристап кон вработените
Како да станете дел од нас
Како да станете дел од нас
Аплицирајте сега
Аплицирајте сега
Imprint © 2025 ProCredit Bank