Процес на селекција
Вработување во време на Ковид-19 пандемијата:
Дури и во моменталната ситуација, нашиот процес на вработување продолжува и со нетрпение ја очекуваме вашата апликација. Вашето здравје е наш врвен приоритет и затоа ги преземаме сите потребни мерки за заштита со кои процесот на селекција е побезбеден.
Апликацијата ни дава првичен впечаток за вашето искуство и вештини. Со цел да имаме објективна проценка на вашата апликација, сите делови треба да се пополнат внимателно и јасно. Онлајн апликацијата треба да се пополни на англиски јазик. Апликациите испратени на кој било друг начин нема да бидат земени предвид
Многу важен дел од процесот на аплицирање е мотивациското писмо. Ова е вашата можност да нè убедите зошто сакате да бидете дел од тимот на ПроКредит.
• Кажете ни за вас и вашите интереси
• Објаснете зошто сакате да работите со нас и какви се вашите очекувања од банката како работодавач
• Објаснете зошто ПроКредит Банка и ПроКредит Холдинг ве привлече за да аплицирате
Мотивациското писмо мора да биде напишано на англиски јазик. Со цел вашата апликација да биде разгледана, многу е важно: да не користите фрази што се клише, да не испраќате мотивациски писма што се шаблони и превземени од интернет, да не копирате информации од интернет-страниците на ПроКредит Банка или ПроКредит Холдинг
Откако ќе ги разгледаме сите пристигнати апликации, најсоодветните кандидати ќе бидат контактирани од член на тимот за човечки ресурси за 20-минутен телефонски разговор. Телефонскиот разговор ви дава можност да се претставите себеси и да дознаеме повеќе за вашето образование, искуство и причини за аплицирање
Со оглед на тоа што математиката и логиката играат голема улога во нашето секојдневие, ве повикуваме на тест кој ќе се одржи во нашата Централна управа. Со цел да го освежите вашето знаење, разгледајте ги Примероците од тестовите по математика и логика
Ви советуваме да се припремите навремено, со цел успешно да ја поминете оваа фаза од процесот на селекција
Иако техничките вештини се неопходни, сепак тие не се и единствениот критериум за селекција. Многу поважно е што бараме кандидати чии лични вредности и посветеност се поистоветуваат со нашиот начин на работење. Групната дискусија ни овозможува да ја увидиме вашата способност за работа во тим, вашите комуникациски вештини и вашиот капацитет да го формирате, изразите и одбраните вашето мислење. Овој чекор од процесот на селекција се состои од генерална дискусија/дебата на различни теми на англиски јазик. Конкретно познавање на одредена тема не е потребно
Индивидуалното интервју ни дава можност да ве запознаеме подобро и да разговараме за нашите меѓусебни очекувања. Доколку имате какви било прашања, сега е моментот за да ги поставите. Сите чекори од процесот на селекција од тестот по математика и логика до овој чекор се извршуваат во нашата Централна управа во Скопје. Доколку сте од друг град, трошоците за транспорт и сместување (доколку е потребно) ќе ви бидат надоместени
Откако успешно ќе ги поминете првите чекори во процесот на селекција, уникатно искуство и можност за учење чекаат на Вас - нашата интернационална Onboarding Programme - Воведна обука