Практична работа
Што ја прави нашата програма за практична работа различна?
ПроКредит Банка отсекогаш има одговорен и интерактивен пристап во работењето со практиканти, демонстрирано преку можностите што им ги даваме на учесниците да работат на актуелни проекти.
Активности: За време на практичната работа во ПроКредит Банка ќе имате можност да се запознаете со деловната филозофија на ПроКредит Банка и нашите принципи на одговорно банкарство. Исто така, ќе добиете значајно практично искуство работејќи во нашата мрежа на експозитури или во различни сектори во нашата Централна управа. Ќе искусите различни аспекти од нашата работа со клиенти и партнери, ќе го научите нашиот пристап кон нудење на висококвалитетни услуги и ќе увидите колку е значајна тимската работа за нас.
Времетраење: Не бараме полно работно време – вашиот распоред ќе се приспособи со цел да го извлечете максимумот од активностите што се поврзани со вашите студии и практичната работа во ПроКредит.
Кандидати: Студенти од различни универзитети и година на студии (вклучувајќи и студенти од прва година). Убедени сме дека различните мислења и едукативна позадина се еден од клуните фактори за развој на студенти кои се интелегентни, амбициозни и ориентирани кон развој на својата професионална кариера
Што очекуваме од нашите идни практиканти?
• Сериозен и одговорен пристап кон зададените задачи
• Желба за надградување и подобрување на вештините
• Спремност за отворена комуникација и почитување на туѓите мислења
• Преземање иницијатива и активно учество во задачите и одговорностите во експозитурата или секторот
• Добро познавање на англискиот јазик
Ве молиме прецизирајте го градот/секторот во Централната управа во кој што би сакале да вршите пракса како и информација кога би можеле да ја вршите истата