Работењето со нас е работење со клиенти...
Дознајте повеќе за тоа како работиме. Следните изјави од нашите клиенти ги отсликуваат нивните очекувања од нашите вработени и каков однос имаме со нив. Изјавите од нашите колеги ќе ви дадат претстава за нивните секојдневни обврски и предизвиците со кои што се среќаваат на работното место
Стекнувањето нови клиенти, во исто време, е забавно и предизвикувачко. Мораш да бидеш добро подготвен и потребна е голема упорност. Ова нема никаква врска со исполнување одредени таргети, туку со тестирање на мојата способност да воспоставам и одржувам долгорочен партнерски однос со клиентите
Навистина го ценам фактот што мојот советник за клиенти не се обидува да ми продаде финансиски производи. Таа навистина ја познава индустријата во која работам, ги разбира спецификите на мојот бизнис и моите финансиски потреби и секогаш е тука да ме сослуша
Не ги прифаќам „слепо“ барањата на моите клиенти. Секогаш проверувам што навистина им треба, дури и тоа да значи одбивање на некое нивно барање. Посетите на клиентите на нивното работно место ми помага да дознаам што точно им е потребно со цел да им ја дадам вистинската понуда
За мене ПроКредит не е само банка – таа е мој бизнис партнер. Секогаш можам да се потпрам на информирана и професионална дискусија со мојот советник
Вештините кои ги развив со анализирање на финансиски извештаи ми помогнаа да го поткрепам моето мислење со факти и аргументи. Во секојдневен контакт сум со моите колеги и менаџери и заедно сме подговени да донесеме брзи одлуки за нашите клиенти
Мојот бизнис зависи од брза и навремена реакција и го ценам фактот што тоа го добивам од мојата банка. Можам да сметам на мојот советник за поддршка за која било банкарска услуга
Броењето пари е досадно, сега тоа го оставам на Зоните 24/7. Можам да го користам моето време за подобро да ги запознаам моите клиенти и да ги советувам. Вработените во Централната управа ни овозможуваат одлична поддршка со цел подобро да ја вршиме нашата работа
Иако сам ги правам повеќето од моите трансакции, за покомплексни прашања се обраќам до мојот советник. Според мене, модерните и брзи услуги што ги нуди банката се одлични