Нашиот пристап кон вработените
...туку за проактивни, енергични, одлучни „борци“ кои ги делат нашите вредности и нашиот кодекс на однесување. Не веруваме дека нашиот персонал треба да биде со еден стандарден профил. Напротив, посакуваме разновидност во смисла на образование, работно и животно искуство и карактер. Некои од нашите вработени, пред да се приклучат на тимот во ПроКредит, никогаш не ни помислиле дека би можеле да работат во банка, но сега се задоволни што се со нас! Нашиот интензивен процес на селекција е транспарентен. Се фокусира на вас како индивидуалци, а не на врските кои ги имате
...за да овозможиме одлична и одговорна услуга за нашите клиенти во една предизвикувачка средина и да ја направиме нашата институција подобра. Земајќи ја предвид нашата едноставна организациска структура, значи дека од секој вработен се очекува да преземе предизвикувачки задачи, нови проекти и дополнителни одговорности кои се надвор од стандардниот опис на работа. Ова вклучува и рутински и повторливи работни задачи и понекогаш вложување дополнително време за работа и/или обука
...директно кон успехот на институцијата, а резултатите од нашата работа се видливи. Нашата едноставна организациска структура и непостоењето на комплексна хиерархија даваат јасни одговорности за секој вработен кон остварувањето на една заедничка цел. Тоа ни овозможува основа за правична проценка на секој вработен, заснована на личната изведба и придонес. Врвниот менаџмент зема активен дел во институционалната евалуација на вработените и има константен дијалог со нас со цел да се постигнат подобри резултати.
Успехот се препознава не само по паричните награди, туку и по можностите за професионален и личен развој. Нашата платна структура е правична и транспарентна, и е стандардизирана за сите вработени во нашата групација. Нашите плати се фиксни и конкурентни на пазарот. Не ги наградуваме нашите вработени со бонуси базирани на индивидуални таргети, бидејќи преку тоа не сакаме да ги наведеме нашите клиенти да донесат несоодветни финансиски одлуки. Сите плати се во одреден опсег: всушност, како принцип во рамките на платата структура, највисоката плата смее да биде најмногу 10 пати поголема од најниската
...и се стремиме да бидеме во тек со динамичната средина во која работиме. Ова е возможно токму поради тоа што секој од нас ги има љубопитноста и желбата да напредува.
Групацијата ПроКредит инвестира во различни облици на обуки со цел да ја направи нашата институција посилна. Сите ново вработени поминуваат низ шестмесечен процес на воведување во институцијата кој што се организира на ниво на групацијата. Курсевите за специфични позиции и работилници на ниво на групацијата овозможуваат секој вработен да ги има соодветните вештини и знаење. Со цел да одговорат на барањата што произлегуваат од менаџерската позиција, од сите наши менаџери се бара да учествуваат на нашите академии. Надвор од границите на конвенционалната обука за менаџери, нашите академии ги запознаваат учесниците со филозофски, историски и социјални прашања. Во академиите, менаџерите развиваат високо чувство на солидарност и заедничка цел што ја споделуваат меѓусебно со нивните тимови и со институцијата во целост. Нашите заеднички идентитет и јазик, исто така, се развиваат и одржуваат преку обуки на ниво на групацијата и тоа во областа на етиката, хуманизмост, англискиот јазик, и многу други